На 20.10.2022 на ул.„Широк Сокак“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција и полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола го лишиле од слобода Љ.М.(69) од Прилеп.
Тој се сомничи дека е сторител на кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, a при преглед кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела. Исто така, со судска наредба, во текот на денот бил извршен и претрес во неговиот дом во Прилеп и бил пронајден предмет кој потекнува од кривично дело.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.