сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец во Скопје, украденото вратено на сопствениците

Приведен крадец во Скопје, украденото вратено на сопствениците

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 11.50 часот на ул.„Мајка Тереза“ во Скопје, го лишиле од слобода Н.О.(43) од Скопје.

Како што информираа денеска од МВР, тој се сомничи дека неколку минути претходно со употреба на сила одзел златен накит од Н.А.(49) од Скопје.

Се сомничи и за извршена тешка кражба на дрзок начин на 02.03.2022 на ул.„11-ти Октомври“ во Скопје над В.Д. од Скопје.

Тој бил приведен во полициска станица, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.