среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственичката

Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственичката

На 11.03.2023 околу 14.05 часот на автобуска постојка на подрачје на Центар од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи, Одделение за криминалистички работи Центар и Бит Пазар е лишен од слобода Ф.С.(53) од Скопје кој бил фатен за време на извршување на кривично дело „кражба“, казниво по член 235 од Кривичниот законик.

Ф.С. одзел мобилен телефон од Г.К. (63) од Скопје, но веднаш бил фатен од полициски службеници, а телефонот и е вратен на оштетената. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.