среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен криминалец од Скопје баран со потерница за тригодишна затворска казна

Приведен криминалец од Скопје баран со потерница за тригодишна затворска казна

Денеска (21.02.2023) во 15.50 часот на бул.”Партизански одреди” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.З.(26) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторени кривични дела “тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.