На 18.06.2023 во 23:30 часот на ул.„Костурски херои“ во Скопје полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје.
Тој се сомничи дека околу 23:10 часот на бул.„Илинден“ со употреба на физичка сила одзел пари од друг малолетник од Скопје.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.