Тиресет годишниот С.С. од радовишкото село Бучим вчера бил приведен и задржан во полиција.
-Лицето е лишено од слобода поради сомнение дека на 31.10.2018 година заедно со уште три непознати лица насилно ја внеле во возило Ј.А.(18) од село Јунузлија општина Карбинци по што ја однеле во куќата на братот на С.С. во село Бучим. Според пријавата на Ј.А., С.С извршил обљуба врз нејзе, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот, од МВР најавуваат дека ќе биде поднесен соодветен поднесок.