среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен млад криминалец по распишана потерница за издржување затворска казна

Приведен млад криминалец по распишана потерница за издржување затворска казна

На подрачјето на Центар полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги вчера го лишија од слобода Д.П.(27) од Скопје, кој се барал по распишана централна потерница за издржување на затворска казна, соопштија од МВР.

Д.П. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната за извршени кривични дела во врска со недозволена трговија со дрога, оружје и разбојништво.