На 16.05.2022 во 17.10 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.С.(32) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.