Денеска (28.12.2021), полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Ф.М.(31) од Скопје. Тој се сомничи дека во текот на денот извршил четири кривични дела „тешка кражба“, и тоа едната во аптека и три продажни објекти на ул.„Орце Николов“, ул.„Митрополите Теодосиј Гологанов“ и на Плоштад „Македонија“, од кои едната била во обид, при што одзел разни предмети и пари.
Во службен разговор со полициски службеници тој ги признал делата. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.