Полициски службеници од тим Потраги од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар денеска го лишиле од слобода е Е.О.(66) од Скопје, за кого била распишана централна потерница, по претходно издадена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, со која се барал за издржување казна затвор, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело.
Како што информираат денеска од МВР, лицето е предадено на полициски службеници во Полициска станица Центар за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.