На 26.05.2022 околу 13.10 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 39-годишниот тетовец Б.А. поради сомнение дека кон крајот на минатата и оваа година извршил две тешки кражби и едно разбојништво во пекарници во Тетово.
Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.