Полициски службеници на СВР Тетово вчера (26 февруари) околу 13 часот и 40 минути го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец А.А., поради сомнение дека претходниот ден извршил разбојништво во спортска обложувалница на улица Цветан Димов” во Тетово, во која и се заканил на вработената со тврд предмет и одзел пари.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.