На 08.02.2022, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ѓ.(21) од Скопје.
За него била распишана Централна потерница, по издадена судска наредба за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 237 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.