На (19.08.2021) во 08.40 часот полициски службеници од Оперативниот тим Потраги пред трговски центар на подрачјето на Чаир го лишија од слобода А.И.(30) од Скопје за кого била распишана Централна потерница.
-Тој се бара врз основа на наредба од Основно јавно обвинителство во врска со чл.396 ст.2 од Законот за оружје, поради изречена мерка притвор, информира МВР.
Лицето е предадено на Основно јавно обвинителство Скопје.