На 08.07.2021 во 09.50 часот на ул.„808“ во Општина Гази Баба, од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Кисела Вода, отсек Потраги, од слобода е лишен З.Ќ.(46) од Скопје.
По претходна наредба од Основен кривичен суд Скопје тој се барал за издржување на казна затвор за извршено кривично дело по чл.378 од Кривичниот законик. З.Ќ. е предаден во Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка.