Денеска (03.08.2022) во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(35) од Скопје.
Тој бил баран со потерница за спроведување во притвор за сторени кривични дела по член 123 и 132 од Кривичниот законик, како и за спроведување пет истраги поради сомнение за сторени кривични дела.
Лицето било предадено во Полициската станица Центар за понатамошна постапка.