петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен скопјанец осуден на две години казна затвор

Приведен скопјанец осуден на две години казна затвор

Денеска (27.06.2022) во 10.50 часот во напуштена куќа на ул.„Париска” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Р.(31) од Скопје.

Тој бил баран со централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, за доиздржување казна затвор од пет месеци, а бил осуден на казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 130 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.