Денеска (01.09.2022) околу 12.00 часот на подрачје на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Отсекот за потраги – Оделението за потраги при Секторот за меѓународна полициска соработка го лишиле од слобода Н.З.(53) од од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница од Основен суд Скопје 1 за издржување на казна затвор од пет години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.