На 07.01.2021 околу 21.00 часот во село Градец, гостиварско, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Б.А.(35) од селоГрадец, сопственик на угостителски објект кој работел по дозволеното време и во кој престојувале 20 гости.
Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.