На 31.07.2023 во 17:50 часот на наплатна рампа Тетово – Гостивар, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода И.Ј.(18) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени неколку пакувања со марихуана.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.