Полициски службеници од СВР Велес вчера вечерта го лишиле од слобода Д.Ч.(73) од Велес затоа што во семејниот дом, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата 58-годишна сопруга и со остри предмети се обидел да ја повреди, информира МВР.
Тој бил приведен во полициска станица, а предметите биле пронајдени и одземени.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.