На социјалните медиуми се појави видео на кое се гледа како млада жена тепа мало дете во детска игротека во Скопје. Сопственикот на игротеката во изјава за медиуми посочи дека случајот го пријавил во полиција.
Дадиката е приведена, засега е во полициска станица и за случајот е известен јавен обвинител, велат за Радио Слободна Европа од МВР.