На 16.03.2023 година во 22.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.З.(24) од Куманово.
Таа се сомничи дека на 07.03.2023 година влегла во приватен имот на улицата „100“ во Куманово и одзела пари.
М.З. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.