На 29.11.2021 од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Штип била лишена од слобода Д.Ц.(49) од Штип.
При претрес извршен со судска наредба во нејзиниот дом биле пронајдени и одземени 13 пакувања прашкаста материја и предмети кои потекнуваат од кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“.
Д.Ц. е приведена во полициска станица и по комплетно документирање на случаите, против неа ќе бидат поднесени соодветни пријави.