Ноќеска меѓу 23 и 2.30 часот на подрачјето на СВР Тетово полицијата при контрола во угостителски објект во село Желино затекнала четири странски државјанки, од кои две државјанки на Косово и две државјанки од Албанија.
Лицата се приведени во СВР Тетово за понатамошна постапка.
Контролата е дел од мерките и активностите за откривање странски државјани кои илегално престојуваат или го злоупотребуваат туристичкиот престој со работа по угостителски објекти.