На 15.06.2022 околу 22.00 часот пред угостителски објект на ул.„Новачки Пат“, полициски службеници од СВР Битола – Одделение за криминалистичка полиција – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје ги лишиле од слобода Н.П.(42) и К.Т.(33), двајцата од Битола. Тие биле затекнати додека Н.П. му продава кокаин и марихуана на К.Т. и притоа кај нив биле пронајдени кокаин, марихуана, пари и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.