Денеска на бул. Крсте Мисирков во Скопје полициски службеници од СВР Скопје приведоа двајца разбојници, А.Х. (25) и малолетник, двајцата од Скопје, постапувајќи по добиена пријава во 18.07 часот дека на територија на општина Аеродром тие со закана од малолетник одзеле мобилен телефон и паричник.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, разбојниците се пронајдени и приведени во ПС Бит Пазар, а кај едно од лицата е пронајден мобилниот телефон.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.