четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени двајца тетовци за незаконско реемитување на ТВ програми

Приведени двајца тетовци за незаконско реемитување на ТВ програми

Вчера (30.03.2021) во периодот од 15.15 часот до 18.15 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Отсек за економски криминал ги лишиле од слобода В.О.(33) и Б.О.(53) од Тетово, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „повреда на авторско право и сродни права“, казниво по член 157 од Кривичниот законик.

-При претрес извршен со судска наредба во домот и помошни простории на В.О. на ул.„185“ и во неговите деловни објекти на ул.„Илинденска“ и ул.„120“ во Тетово, пронајдена и со потврда е одземена разновидна опрема која ја користел за реемитување на телевизиски програми, односно преку посебен портал им препродавал ИП-телевизиски канали на заинтересирани корисници, информира МВР.

Повеќе парчиња разновидна опрема и други предмети одземени се и при претресот кај Б.О. кој, исто така, користел ИП-телевизиски портали за рееметување на домашни и странски канали и од претплата на заинтересирани клиенти остварувал противправна имотна корист. Од двајцата тетовци се одземени лаптоп-компјутери, компјутерски куќишта, рисивери, УСБ-а, андроид бокс и друга опрема.

По целосното рачистување и документирање на случајот на В.О. и Б.О. ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.