недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени двајца крадци во Неготино, го признале делото

Приведени двајца крадци во Неготино, го признале делото

Денеска (10.08.2023), полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода К.Р.(21) и Д.Ѓ.(19), двајцата од Неготино.

Тие се сомничат дека на 07.08.2023 на ул.„Цандо Кожинков“ во Неготино ѝ одзеле чанта на Л.Н (61) од Неготино. Во службен разговор во полициска станица тие го признале делото.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.