петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени две лица од Битола, во нивните домови пронајден хероин

Приведени две лица од Битола, во нивните домови пронајден хероин

Министерството за внатрешни работи информира дека на 03.11.2022 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода А.Д.(30) и Ш.К.(37), двајцата од Битола. При претрес во домот на А.Д., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и банкноти во различни апоени.

Исто така, при претрес во домот Ш.К. извршен со судска наредба, бил пронајден и одземени хероин, дигитална вага и предмети со остатоци од хероин.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.