Вчера во 14:25 и во 20:30 часот на ул.„Генерал Михајло Апостолски“ и на ул.„Широк Дол“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Д.А.(29) и Е.М.(20), двајцата од Штип.
За лицата постои основано сомнение дека извршиле повеќе кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, предвидени по член 236 и член 235 од Кривичниот законик.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.