На 24.07.2022 во 06.00 часот на регионалниот пат кон езеро Мантово, Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Ј.Д.(18) и А.Д.(47) од Неготино, затоа што со товарно возило „застава“, со неготински регистарски ознаки превезувале огревно дрво без потребните документи, а за кое постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“. Дрвата, возилото и моторна пила биле одземени и предадени на Шумска полиција.
Ј.Д. и А.Д. биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.