недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени крадци од гостиварско, одземеното вратено на сопственикот

Приведени крадци од гостиварско, одземеното вратено на сопственикот

Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар на 18.09.2022 во 16:30 часот и во 18:15 часот ги лишиле од слобода Е.А.(26) и Е.Ф.(21) од гостиварски Добридол.

Тие се сомничат дека на 16.09.2022 извршиле тешка кражба во помошна просторија од куќа на 41-годишен жител на истото село, од која одзеле повеќе  предмети.

Одземените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, а против двајцата осомничени ќе следуваат соодветни поднесоци.