понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени крадци од гостиварско, пронајдени дел од украдените предмети

Приведени крадци од гостиварско, пронајдени дел од украдените предмети

На 09.03.2023 околу 21:45 часот во с.Неготино, гостиварско, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода 27-годишниот Ф.Х. и малолетник од ова село.

Тие се сомничат дека на 08.03.2023 извршиле тешка кражба во магацин на стоматолошка ординација во селото, сопственост на И.Х.(62). Кај Ф.Х. биле пронајдени и одземени дел од предметите кои потекнуваат од кражбата.

Двајцата биле задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување на случајот ќе следуваат соодветни пријави.