среда, 20. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени крадци од тетовско

Приведени крадци од тетовско
илустрација

На 04.04.2023 околу 09.30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Л.Т.(32) од тетовско Одри и А.А.(34) од тетовско Слатино.

-Тие се сомничат дека извршиле кражба од објект во изградба на улица „Илинденска“, сопственост на 57-годишниот С.Х. од тетовска Мала Речица, а во чија фирма двајцата биле вработени, информира МВР.

Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.