вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени крадци во Тетово, украденото возило вратено на сопственикот

Приведени крадци во Тетово, украденото возило вратено на сопственикот

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (17 август) во 15 и во 19 часот и 30 минути ги лишиле од слобода тетовците А.А.(29) и Н.М.(30).

Имено, А.А. претходниот ден бил пријавен од 33-годишниот З.Х. од тетовско село дека му го одзел неговото возило „бмв“ со германски национални ознаки. Возилото е пронајдено, додека било управувано од Н.М. и вратено на сопственикот, додека А.А. е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.