петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени криминалци барани со потерници

Приведени криминалци барани со потерници

На 17.06.2022 во 18.05 часот на ул.„Македонско-косовска бригада” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ш.(22) од Скопје.

Тој бил баран по Централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

На 17.06.2022 во 12.10 часот на ул.„Христо Смирненски” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.И.(29) од Скопје.

Тој бил баран по Централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна.Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.