На 04.10.2022 во 08:50 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода – Одделение за криминалистички работи лишиле од слобода 17-годишник од Скопје, а денеска (06.10.2022) во 09:00 часот во Полициската станица Кисела Вода бил повикан уште еден малолетник.
Тие се сомничат дека на 16.09.2022 извршиле кривично дело „кражба“, при што од продажен објект на подрачјето на Кисела Вода одзеле повеќе производи. Со нив бил извршен разговор во присуство на социјален работник и родител, во кој го признале и појасниле начинот на извршување на делото.
За случајот е известен Јавен обвинител за малолетници и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.