среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени три лица за објавени видеа со лажни закани за можен терористички напад во еден трговски центар во Скопје

Приведени три лица за објавени видеа со лажни закани за можен терористички напад во еден трговски центар во Скопје

Три лица биле приведени вчера откако објавиле видеа со лажни закани за можен терористички напад во еден трговски центар во Скопје.

-По објава на два видеоклипа на „Тик ток“ со, како што е подоцна утврдено, лажни закани за можен терористички напад во еден трговски центар во Скопје на 28.11.2021 во 19 часот, веднаш се преземени соодветни мерки од страна на МВР-БЈБ-Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал/Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, СВР Скопје и Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика и Агенцијата за национална безбедност, велат од МВР за Курир.

Полицијата ги презела потребните безбедносни мерки и биле утврдени лицата – можни креатори на лажните видеа.

-Известен е јавен обвинител, по чии насоки се обезбедени наредби за претрес на дом кај Н.С. во с. Студеничани и У.И. во Скопје. При претресот на втората локација најдени се дигитални уреди преку кои се објавени лажните видеа. Приведени се Н.С., У.И., како и неговиот син А.И, велат од МВР.

Во службениот разговор, А.И. признал дека тој ги изработил и пласирал лажните видеа.

-По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство, известуваат од МВР.