На 28.11.2022 на ул.„Илинденска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода С.В.(42), Х.М.(23) и Ѓ.М.(34) од Битола. Тие се сомничат дека извршиле кражба во отпад во Битола, при што одзеле повеќе предмети, а С.В. бил баран и со потерница за издржување затворска казна за сторени повеќе кривични дела „кражба“ на подрачјето на Битола. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на казната, а останатите две лица билњ задржани во полициска станица.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.