Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопшти дека едно лице е приведено за нападот врз активистот и претседател на движењето „Трета“, Љупчо Палевски.
Палевски среде бел ден, на 17 септември беше нападнат од две лица со метален предмет кај неговиот дом во близина на трговскиот центар Буњаковец во Скопје.
Тој беше хоспитализиран во болница со нанесени тешки телесни повреди.