сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведено лице барано со потерница за издржување казна затвор

Приведено лице барано со потерница за издржување казна затвор

На 09.03.2022 на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар при Секторот за внатрешни работи Скопје го лишиле од слобода А.Ф.(25) од Скопје.

За него била распишана потерница со која се барал за издржување затворска казна од 1 година и 6 месеци. Лицето е приведено во полициска станица и ќе биде предадено на надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.