На 27.07.2021 во 16.30 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар, врз основа на судска наредба, го привеле Ф.Н.(23) од Гостивар за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 236 и член 131 од Кривичниот законик.
Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор – Тетово за издржување на казната.
Во текот на вчерашниот ден во Гостивар имаше уште две апсења, еве за што станува збор:
На 27.07.2021 во 15.30 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар, врз основа на судска наредба, го привеле А.Љ.(62) од Гостивар за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 130 од Кривичниот законик.
Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор – Тетово за издржување на казната.
На 27.07.2021 во 16.30 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар, врз основа на судска наредба, го привеле О.А.(29) од Гостивар за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 235 и член 236 од Кривичниот законик.
Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор – Тетово за издржување на казната.