понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведено лице од гостиварско по распишана потерница

Приведено лице од гостиварско по распишана потерница

Денеска во 05.05 часот на Граничниот премин „Табановце“, при влез во државата, лишен е од слобода Е.Х.(27) од гостиварски Добри Дол.

По извршена проверка од страна на полициските службеници било констатирано дека за него бил распишана потерница за издржување на казна затвор поради сторени кривични дела.

Тој бил приведен во полициска станица по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.