Денеска (27.12.2022) во 14.40 часот на подрачјето на Чаир – Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.О.(39) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 377 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.