сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведено лице од тетовско, за издржување на две и пол годишна казна затвор

Приведено лице од тетовско, за издржување на две и пол годишна казна затвор

Денеска (15.05.2023) околу 10.45 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 52-годишниот Х.А. од тетовска Голема Речица.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од две години и шест месеци за сторени кривични дела по член 297 и член 300 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.