Момче од Србија илегално влегло во Македонија откако претходно било одбиено да влезе, бидејќи не поседувало негативен тест за коронавирус, објави МВР.
Вчера во 23:30 часот во Полициска станица за граничен премин Табановце, при вршење на пасошка контрола на излез од Република Македонија, 26-годишниот М.Д. од Република Србија не приложил изјава за влез со ПЦР тест или транзит и при проверка било констатирано дека на 02.08.2020 на Граничниот премин Блаце му бил одбиен влез за непоседување на ПЦР тест.
По ова било утврдено дека М.Д. остварил илегален влез во Република Македонија, што и го потврдил во разговорот со полицијата.
М.Д. бил приведен и предаден на полициски службеници од Куманово за понатамошна постапка“, информира МВР.