вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Прободено 19 годишно момче во Арачиново

Прободено 19 годишно момче во Арачиново

Во текот на вчерашниот ден околу 15:30 часот во с.Арачиново-Скопје на ул.“10“ во близина на џамијата, поради расправија за движење по наведената улица, Р. Б.  од с.Арачиново со нож го нападнал Е. Р. (19) од  с.Арачиново, кој бил во друштво со И. М. (18) од с.Сингелиќ ,  при што Р.Б  на му нанел расекотина на Е.Р.  и побегнал, информираат од МВР.

На Е. Р. му е укажана лекарска помош во  ГОБ “Наум Охридски“, каде му се констатирани телесни повреди, по што е  пуштен на домашно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.