Во текот на вчерашнит ден во 03:00 часот во близина на Демир Капија полициски службеници забележале паркирано товарно возило „Рено Мастер“ со скопски регистарски ознаки без возач. При контрола во делот за товар биле откриени 33 лица илегални мигранти од Пакистан, информираат од МВР.
Во 03.15 часот на околу 400 метри од возилото, на стариот пат Скопје – Гевгелија, полициските службеници забележале две лица за кои постои сомнение дека го управувале возилото. Тие биле приведени во Полициската станица Неготино. Се работи за лицата Б.С.(36) и Г.Т.(36), двајцата од Велес.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.