Во Полициската станица Битола вчера во 8:45 часот било пријавено дека при извршување на градежни работи на место лоцирано до патот на Национален парк „Пелистер“ биле пронајдени шест стари неексплодирани гранати.
-Од страна на пиротехничар во Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека се работи за стари неексплодирани артилериски гранати калибар 75мм од Првата светска војна, информираат од МВР.
Гранатите биле безбедно подигнати.